Словаците го копираат Партизан

Словачка ќе го копира успешниот пример на белградскиот Партизан и ќе им овозможи на деца до 14-годишна возраст да го следат од трибините во Трнава квалификацискиот меч со Велс.

Ќе се игра на 10 октомври од 20.45 часот, а мечот е исклучително важен за двете селекции во битката за една од двете први позиции кои водат на Европското првенство следната година.

Словаците се казнети од УЕФА по испадите на нивните навивачи на гостински терен на дуелот со Унгарија игран на 9 септември на „Групама арената“ во Будимпешта.

Суспензијата, односно казната да се игра без навивачи УЕФА дозволува да се компензира со деца на трибините. На секое десетто дете мора да има и возрасен член што ќе внимава на нив, а Партизан неодамна за мечот со АЗ Алкмар во Лигата на Европа успеа да приреди подвиг и да организира присуство на 22 илјади млади симпатизери до 14 години, што е рекорд.

Тој рекорд ќе остане и по мечот меѓу Словачка и Велс, бидејќи „Сити арената“ во Трнава има капацитет од 19.200 места, па и да се наполни подвигот на „црно-белите“ од Белград, не може да се надмине.

- Оглас -

Најнови вести