Словенечки тенисер во слична ситуација како Ѓоковиќ избегна дисквалификација (видео)

Тенискиот свет уште е во шок за диквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од Отвореното првенство на САД. Првиот светски рекет направи несовесна глупост откако со топче погоди еден од линиските судии, по што исклучувањето беше единствена опција коректно да се казни Србинот.

Во слична ситуација пред десетина дена се најде Ајаж Бедене на Синсинати АТП Мастерс турнирот. Словенечкиот тенисер нервозно го удри топчето и го погоди камерманот зад теренот, меѓутоа избегна ригорозна казна по консултација на арбитражата. Камерманот не беше повреден, па Бедене продолжи да игра.

- Оглас -

Најнови вести