Словенија хендикепирана ќе брка бронза, Норвешка ќе дочека прв медал од ЕП?

Ререпрезентацијата на Словенија или Норвешка, за првпат во нивната историја ќе освои бронзен медал на ракометно Европско првенство во машка конкуренција. Норвежаните немаат никаков медал досега на ЕП, пред четири години беа четврти и сега им се заканува истата судбина, па веројатно нема да сакаат да го гледаат тој „филм“. Словенија во 2004 година играше финале, има сребро од ЕП, а сега има прилика првпат да дојде до бронза и за шампионатот да го заврши со победа.

Норвешка е фаворит, тие без пораз по регуларни 60 минути дојдоа дотука, но прашање е дали успеале навреме да се порават од шокот и драматичниот пораз од Хрватска во полуфиналето. Словенците имаа уште помалку време за одмор и жалење, но нивниот пораз од Шпанија во полуфиналето беше и очекуван, па не беше толку болен.

Проблем за Словенија може да биде што првиот стрелец Јуре Доленец е повреден и можеби нема да може да игра. Ако не настапи, ќе биде голем хендикеп за тимот кој за време на ЕП веќе остана без капитенот Кавтичник.

Пред само три дена во Малме, Норвешка ја совлада Словенија со 33-30 и ова е шанса за Словенците да се реваншираат. На Сандер Сагосен му треба еден гол за да постави рекорд по број на погодоци на едно ЕП. Во моментов, првото место со 61 гола го делат тој и Кирил Лазаров од шампионатот во 2012 година.

Не е сеедно кој ќе го добие мечот за трето место. Победникот ќе избори директно учество на Светското првенство во Египет 2021 година. За тој што ќе загуби, останува мала утеха дека ќе игра во квалификациите за Олимписките игри во Токио.

Целосната понуда на Sport Life за ракометните игри и квотите, можете да ја видите тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести