Словенија ја победи Данска и ќе игра за петтото место на ЕП

Репрезентацијата на Словенија изненадувачки ја совлада Данска со 28-25 и го освои третото место во групата и ќе разигрува за пласман на петтата позиција на Европското ракометно првенство во Германија.

Данска и покрај поразот, завршува на првата позиција во групата и ја избегнува Франција во полуфиналето, но својот противник ќе го дознае утре, откако ќе биде познат и последниот полуфиналист.

Словенците во текот на целиот натпревар имаа контрола на резултатот, а Данска освен почетното водство од 1-0 и 3-2, постојано бркаше негатива. И второто полувреме беше слино, Данска го презеде водство на почетокот, но брзо ѝ го препушти на Словенија, која знаеше како да дојде до победата, која ѝ овозможува да игра меч за петтатата позиција на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести