Словенците добија најубави можни вести пред квалификациите за ОИ

Актуелниот кошаркарски владетел на Стариот континент, националниот тим на Словенија, ќе смета на услугите на Лука Дончиќ за претстојните квалификации за ОИ кои летово ќе се одржат во Токио.

Најталентираниот млад кошаркар во светот ќе ги предводи Словенците во дуелите против Полска и Ангола на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Каунас, Литванија, а потоа Словенците евентуално ќе се борат со една од селекциите на Венецуела, Јужна Кореја или домаќинот Литванија во финалето од турнирот.

Кошаркарот на Далас маверикс кратко и јасно им одговори на американските новинари: „Сигурно ќе играм“. Инаку Дончиќ е еден од кандидатите за МВП наградата во регуларниот дел од сезонава во НБА лигата, сосема заслужено ако се земе во предвид неговиот просек од 28,9 поени, 9,5 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 23 до 28 јуни.

- Оглас -

Најнови вести