Словенците го надминаа и дрим-тимот на САД од 1992 година

Со просек од 117 постигнати поени по натпревар, кошаркарската репрезентација на Словенија, предводена од маестралниот Лука Дончиќ, ги гази своите противници со бројки кои не се видени одамна. На мечевите со Аргентина и Јапонија, Словенците дадоа вкупно 234 поени, и тоа е повеќе од бројот на поени што го имаше „тимот на соништата“ од ЛОИ во Барселона во 1992 година.

Пред 29 години, Мајкл Џордан и останатите мегаѕвезди во првите две кола на олимпискиот турнир постигнаа вкупно 219 поени, што е за 15 помалку од билансот на Словенците во Токио.

Инаку, дрим-тимот на САД во 1992 година заврши со просек од 117,25 поени по меч, и тоа е рекорд, а второто место го држи американската селекција од Лондон 2012 година, кога даваа по 115,5 поени по меч. Во следното коло, Словенија игра против Шпанија и тоа ќе биде голем тест за силата на словенечкиот тим, во кој фалат некои ѕвезди, како Горан Драгиќ и Ентони Рендолф.

- Оглас -

Најнови вести