Словенците „пукнаа“ по поразот од БиХ, капитенот се скара со селекторот (Видео)

Поразот од Босна и Херцеговина ја расипа атмосферата во редовите на актуелниот европски првак Словенија.

Лука Дончиќ на тајмаут фрли шише на земја од нервоза и викаше: „Од кого губиме ние?“, на некој начин потценувајќи го противникот, но уште поголем проблем е што капитенот Горан Драгиќ има замерка за селекторот Александар Секулиќ.

Драгиќ даде 20 поени за 24 и пол минути, но многу малку играше во втората и третата четвртина. Кога го прашаа новинарите зошто толку долго бил на клупа во тие два периоди, Драгиќ отсечно и со лутина во гласот одговори: „Прашајте го селекторот“, по што замина кон соблекувална.

- Оглас -

Најнови вести