Словенците се во бојкот, а вечерва ја пречекуваат Србија

Словенија ја пречекува Србија, а во таборот на домаќините, атмосферата е далеку од сјајна. По првите три кола во Лигата на нации, Словенците имаат само еден бод, откако одиграа 0:0 кај Норвешка, додека претходно дома загубија од Шведска со 2:0 и на гости кај Србија со 4:1.

Токму по поразот од Србија, словенечките медиуми не ги штедеа фудбалерите и упатија остри критики за играта на теренот. Најчестите коментари беа дека играле без желба и без срце за победа.

По овие натписи во медиумите, репрезентативците на Словенија реагираа и по дуелот со Норвешка ниту еден играч не застана пред новинарите да даде изјава. Медиумите во Словенија одговорија на сличен начин, па на прес конференцијата пред мечот со Србија, ниту еден домашен новинар не се појави да ги пренесе изјавите на селекторот и фудбалерите. На прес конференцијата на Словенија имало само новинари од Србија.

- Оглас -

Најнови вести