Словенците се во еуфорија, не памтат кога имале илјадарка на гостински терен

Словенија ќе има поддршка од над илјада свои симпатизери против Македонија задутре на Националната арена „Тодор Проески“ од 20.45 часот.

Словенечките медиуми објавија дека веќе се купени над илјада билети од симпатизери на нивната репрезентација и пишуваат дека одамна немало ваков интерес за меч на репрезентацијата кога гостува.

Еуфоријата е разбирлива по трите победи едноподруго на Словенците во групата Г за пробив од претпоследната на втората позиција, која гарантира настап на ЕП 2020.

Во хет-трикот на Словенците особено важни се победите против Полска и Израел на домашен терен, бидејќи во група што е многу изедначена со 4 кандидати за двете први позиции, секој триумф против директните конкуренти вреди многу.

Македонија ќе се обиде со поддршка на своите симпатизери да го сопре походот на Словенците и да влезе во завршните три меча со добра позиција во трката за пласман на првото големо натпреварување во нашата фудбалска историја.

 

- Оглас -

Најнови вести