Словенците се загрижени – Капитенот не игра, а го чекаше јубилеен 100-ти меч

Бојан Јокиќ, капитенот на Словенија, речиси сигурно нема да игра утре против Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, што предизвика загриженост кај гостите пред важниот квалификациски меч за ЕП 2020.

Бекот на рускиот клуб УФА има проблеми со тетивата и шансите за настап се минимални. Матјаж Кек ќе мора да бара ново решение за позицијата лев бек, а Јокиќ ќе мора да почека за јубилејниот стоти меч за репрезентацијата на Словенија.

Досега ги има 99 само со 1 постигнат гол. Словенците доаѓаат во Скопје со три победи по ред, што ги одведоа до втората позиција во групата Г. Ако Македонија победи утре, ќе се израмни со Словенците со по 11 бода пред завршните три меча во квалификацискиот циклус за ЕП 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести