13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Словенците збеснаа кога им ја утнаа химната, па на терен ги „убија“ домаќините (Видео)

Словенија ќе игра во финалето на Европското првенство во одбојка откако со 3:1 во сетови ја победија Полска и тоа сред Катовице. Дуелот започна со необичен превид на домаќините. Наместо словенечката химна, беше пуштена химната на Србија.

Словенците веднаш реагираа, па домаќините се корегираа и ја пуштија вистинската химна. Од натпреварувачки аспект, Полска го доби првиот сет, но потоа по голема борба Словенците ги добија следните три сета и се пласираа во финалето, каде ќе го чекаат подобриот од дуелот Србија – Италија.

- Оглас -

Најнови вести