Тотенхем е на прагот да триумфира на гостувањето кај Шефилд откако Танги Ндомбеле зголеми на 3-1 во корист на Петлите во 62-та минута.
Францускиот играч за врска сосема случајно ја затресе мрежата на домаќините во обид да проигра еден од своите играчи. Со надворешниот дел од копачката, Ндомбеле шутна нагоре, а топката го насамари голманот Рамсдејл.