Случајот „Нејмар“ се претвори во шпанска сапуница: Адвокатот на жртвата го украл главниот доказ

Нажила Триндаде, жената која го тужи Нејмар за сексуален напад, наводно се разделила со својот адвокат откако го обвинила дека тој ѝ го украл уредот на кој е сниман сексуалниот напад врз неа. Самиот адвокат, Даниел Гарсија де Андраде, претходно посочи дека ќе го напушти случајот доколку пред судот не бидат доставени сите докази, односно доказите не бидат доволни за да се добие случајот.

Според португалскиот медиум „Рекорд“, Андраде без дозвола провалил во нејзиниот апартман и го украл уредот, но тој ги демантира овие обвинувања и посочи дека доказите ниту ги видел, ниту ги има.

На уредот (таблет од марката „Аpple“) бил сниман целиот напад врз Нажила од страна на бразилската фудбалска ѕвезда, а видеото трае околу седум минути. Пред неколку дена дел од тоа видео се прошири како вирус на интернетно на него се гледа дека Нажила е таа која го напаѓа Нејмар и фрла со предмети по него, а планот бил остатокот од видеото да биде обелоденет во текот на идните сослушувања.

- Оглас -

Најнови вести