Смена на генерации во Монте Карло, Рубљев и Циципас ќе играат за пехарот

Андреј Рубљев ќе игра за шампионската титула против Стефанос Циципас, утре во финалето на АТП мастерсот во Монте Карло.

Рускиот тениски бисер беше подобар од Каспер Руд во второто полуфинале денеска и со 2:0 во сетови го победи Норвежанецот.

Рубљев претходно успеа да го победи Рафаел Надал во неговото царство и на тениски турнир што Шпанецот го освои рекордни 11 пати.

Во проектираното финале ќе го нема ниту Новак Ѓоковиќ кој испадна во осминафиналето по поразот од Еванс, па момците од новата тениска генерација што треба да бидат наследници на легендарното трио, Федерер-Надал-Ѓоковиќ ќе играат за титулата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести