Гаф на коментаторот на РТС, од трибините се скандираше „Шериф Шериф“, а тој слушна нешто друго! (Видео)

Натпреварот помеѓу молдавскиот Шериф и Партизан од Белград се играше без присуство на публика. Српскиот тим победи со 1-0, а главен хит по мечот е коментаторот на српската национална телевизија РТС, кој направи гаф.

Во еден момент од трибините се слушаше како некои од присутните официјални лица скандираат „Шериф, Шериф“, а на коментаторот Предраг Страјниќ му се слушна „Бели, бели“ и искоментира дека се слуша поддршка за Партизан, кој играше во бели дресови.

https://twitter.com/i/status/1626343199500378112

- Оглас -

Најнови вести