Смешна сцена од „Камп ноу“: Навивач на Манчестер јунајтед процовираше, па остана без капа (Видео)

Барселона и Манчестер јунајтед одиграа 2:2 во можеби најдобриот меч одигран сезонава во европските купови на УЕФА. Тоа беше прва средба од шеснаесетфиналето во Лигата на Европа, а на крајот позадоволни беа гостинските навивачи, кои беа на преполниот „Камп ноу“, на кој беше поставен и рекорд по посетеност во Лигата на Европа.

По завршување на дуелот, еден навивач на Манчестер јунајтед сакаше да ги провоцира домашните фанови, но доби „контраудар“. Еден навивач на Барселона успеа изненадно да му ја земе капата на провокаторот на Манчестер, што наиде на смеа кај сите останати. Фактот дека двајцата навивачи беа одделени со ограда, значеше дека гостинскиот фан остана без капата на оваа средба.

https://twitter.com/i/status/1626522238819221505

- Оглас -

Најнови вести