(Видео) Ги видовте ли најсмешните 30 секунди во историјата на НБА?

Денвер нагетс и Хјустон рокетс ги понудија веројатно и најлошите 30 секунди во историјата на НБА-лигата на мечот што ноќеска заврши со убедлива победа на домаќините од 124:111.

Во средината на третиот период од мечот во Западната конференција се случи невиден хаос и бркотница на теренот, а грешеа во континуитет играчите на двете екипи. Потезите на Харден, Јокиќ, Мареј беа комични во краток рок од 30 секунди, веројатно и најлоши во светот на НБА-кошарката.

Хаотичните и неорганизирани напади на двете екипи ги прекина Даниел Хаус јуниор со поени за Хјустон, но останува впечатокот дека вакви 30 секунди немало во историјата на НБА-лигата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести