Смит: Мечот со Ливерпул е „Невозможна мисија“, ќе ни треба Том Круз за да победиме

Тренерот на Астон Вила, Дин Смит, на шега изјави дека жали што во тимот го нема актерот Том Круз, бидејќи утрешниот меч против Ливерпул за нив е „Невозможна мисија“, популарниот филм во кој главен јунак е актерот Круз.

„Луѓето на нашиот меч со Ливерпул гледаат како на невозможна мисија. Штета што го немаме Том Круз во составот, но ќе имаме 11 играчи на терен и јас ја гледам желбата за победа во нивните очи” – изјави Смит.

Тимот од Бирмингем е во зоната на испаѓање, и итно им требаат бодови кои ќе им помогнат во битката за опстанок во Премиерлигата. Сепак, утре против себе ќе го имаат доминатниот тим од „Енфилд”.

„Моите играчи се многу критикувани, сега нивна задача е да им докажат на критичарите дека грешат“ – додаде Смит.

- Оглас -

Најнови вести