Смолинг: И Солскјер има лоша страна

Во пресрет на дербито од петтото коло во ФА купот меѓу Челзи и Манчестер јунајтед, Крис Смолинг говореше за предводникот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер. Смолинг посочи дека екипата ќе даде сѐ од себе за да освои трофеј додека норвешкиот стратег е на клупата, но кажа дека и Солскјер има негативна страна, како и сите останати тренери во светот, иако тоа го кажа како шега.

„И Солскјер има лоша страна. Секој успешен менаџер има и добра и лоша страна, тоа е нормално. Има моменти кога вика на нас, кога работите не одат во наша полза. Во секој случај, сите сме задоволни како тој раководи со екипата. Оваа година сакаме да освоиме трофеј, токму против Челзи ќе се погрижиме да останеме во конкуренција за пехарот во ФА купот. Знаеме дека на „Стемфорд бриџ“ во изминативе неколку години не бележиме добри резултати. Натпреварот се игра во понеделник, што значи цел свет ќе гледа“, истакна Смолинг.

Дербито е закажано за во понеделник, со почеток од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести