Смолинг најде начин да го сопре Меси: Му го пукна носот (Видео)

Крис Смолинг успеа да го сопре Лионел Меси, но не на дозволен начин. По еден дуел, дефанзивецот на Манчестер јунајтед најпрво го турна капитенот на Барселона, а потоа со рака го удри директно во носот.

Носот на Меси пукна и потече крв, па мораа да интервенираат и докторите на гостите. Пред почетокот на средбата, Смолинг најавуваше дека знае како да го сопре Меси, а овојпат покажа како се прави тоа со повредување на противникот.

https://youtu.be/ms72t6hXal0

https://twitter.com/ManUtds_News/status/1116061543081209856

 

- Оглас -

Најнови вести