Смолинг направи нешто што му успеало само уште на Бекам, и на никој друг

Крис Смолинг со погодокот со кој ја најави победата на Рома од 3-0 против Бреша, стана првиот англиски фудбалер по Дејвид Бекам, кој во една сезона од Серија А успеал да даде два или повеќе голови. На Бекам тоа му успеа во 2008/2009, кога играше за Милан. Погодок за Рома постигна и Еди Џеко, негов шести сезонава.

Градскиот ривал на Рома, Лацио, триумфираше на гостувањето кај Сасуоло со 2-1. Каиседо со 91-ва минута го даде победничкиот гол вреден три бода, а првиот гол за „орлите“ беше дело на Чиро Имобиле. Сега Имобиле е изедначен со Томазо Роки со по 82 лигашки гола во дресот на Лацио. Пред Имобиле се само Џузепе Сињори со 107 и Силвио Пиола со 143 голови во Серија А за Лацио. Лацијалите се трети на табелата, со седум бода заостанување зад вториот Интер.

- Оглас -

Најнови вести