Смолинг оди на позајмица во Рома без услов да му се откупи договорот од Манчестер јунајтед

Крис Смолинг ќе игра за Рома како позајмен играч од Манчестер јунајтед за сума од 3 милиони евра и без обврска на Римската волчица по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор со Црвените ѓаволи.

Стоперот, кој е долго во Манчестер јунајтед од 2010 година, лани го продолжи договорот со англискиот гигант до 2022 година, но често е повреден, а и кога се враќаше на терен, играше сè послабо.

На Рома ќе ѝ биде добредојден за да се пополни празнината по заминувањето на грчкиот репрезентативец Костас Манолас во Наполи.

Смолинг за девет сезони, колку што играше за Манчестер јунајтед, одигра 206 натпревари и постигна вкупно 12 голови. Има и 31 меч во дресот на националната селекција на Англија.

- Оглас -

Најнови вести