Смолинг се разигра во Рома – Волчицата нуди 10 милиони фунти за да остане, Манчестер бара двојно повеќе

Крис Смолинг игра одлично за Рома откако летово пристигна на „Олимпико“ како позајмен играч од Манчестер јунајтед, па сега волчицата сака да го задржи како свој играч.

Рома ќе му понуди на најтрофејниот англиски клуб малку повеќе од 10 милиони евра за да го ослободи Смолинг од обврските, по што кандидатот за англиската репрезентација би бил играч на римјаните.

И Манчестер јунајтед сега сака да ќари откако како вишок го испрати Крис на позајмица во Рим, па неофицијално ќе бара двојно повеќе за да се откаже од сè уште својот играч на привремена фудбалска печалба во Рим.

- Оглас -

Најнови вести