Смолинг во шок и тага пред дербито со Лацио, му почина кучето

Фудбалерот на Рома, Крис Смолинг, е во голема тага пред градското дерби со Лацио, бидејќи му почина кучето кое го чуваше дома. Само тие што имаат животно дома, знаат каква е болката после смрт на миленикот, и знаат дека на Смолинг воопшто не му е лесно, бидејќи кучката Мајли ја сметаше за дел од семејството.

Сопругата на Смолинг, Сем Кук, на Инстаграм напиша дека е со скршено срце и дека плаше додека пишува, и ги извести следбениците дека Мајли починала од тумор.

„Таа не беше само куче, ми беше и мајка, ќерка, сестра, најдобра пријателка. Беше ангел во мојот живот, ни носеше многу радост на мене, на Крис и на сите кои ја познаваа и сакаа. Забавувај се на небото принцезо“ – напиша Сем која жали што синот Лео кој е мал, не добил шанса да расте покрај Мајли, но ќе му раскажуваат колку била посебна.

- Оглас -

Најнови вести