Смртни закани за фудбалерката што не сакаше да му оддаде почит на Марадона

Шпанската фудбалерка Паула Дапена предизвика огромно внимание со гестот да не стои мирно една минута во знак на почит кон Диего Армандо Марадона, туку седеше на тревата свртена со грб.

Потоа објасни дека одбила да му оддаде почит на Марадона поради тоа што немал човечки квалитети и бил силувач и педофил, поради неколкуте афери што му се провлекуваа на фудбалскиот масјтор во текот на животот.

„Не стојам мирно за силувач и педфил. За некој да биде голем играч, мора, пред сè, да има човечки квалитети. И тоа да бидат и поголеми од фудбалските квалитети што очигледно ги имаше Марадона“, изјави Паула.

Потегот на Дапена, која има 24 години и игра за шпанскиот Вијахес, наиде и на одобрување, но и на критика, а самата фудбалерка објави дека добива и смртни закани.

„Има многу такви што сакаат да ме видат мртва“, изјави Паула за британскиот „Телеграф“.

 

- Оглас -

Најнови вести