Смртоносна комбинација: Меси му намести ремек-дело на Гриезман (видео)

Барселона на паузата замина со 3-1 предност на гостувањето кај Вилјареал, а за двојното водство најмногу влијаеја Антоан Гриезман и Лионел Меси.

Пред истекот на 44-тата минута, Меси и Гриезман одлично комбинираа пред шеснаесетникот на домаќините, откако капитенот со пета му ја остави топката на Французинот, а овој го лобуваше голманот Асењо точно од линијата на казнената зона.

https://streamable.com/3gybdj

Инаку за Меси ова беше 19-та асистенција во Ла Лига оваа сезона, односно втора на средбата откако претходно му намести погодок на Суарес за 2-1.

- Оглас -

Најнови вести