Смртта на поранешното момче остави трага, Сабаленка елиминирана на мастерсот во Мајами од Украинка

Втората тенисерка на ВТА ранг-листата, Арина Сабаленка, е елимирана во третото коло на мастерсот во Мајами и тоа од Украинката Анхелина Калинина во три сета.

Сабаленка е топ тема во спортските медиуми бидејќи пред стартот на мастерсот во Мајами, почина нејзиното поранешно момче, Константин Колцов. Сабаленка и Колцов две и пол години беа во врска, хокеарот ја бодреше од трибините на Отвореното првенство на Австралија кога тенисерка ја освои титулата, но два дена по трагедијата, таа објави дека неодамна ја прекинале врската.

 

Иако е потресена од трагедијата, Сабаленка одлучи да настапи во Мајами и тоа само неколку дена по смртта на Колцов и во првиот меч најде сили да ја победи својата најдобра пријателка меѓу тенисерките, Паула Бадоса, но утринава е поразена од 136-тата тенисерка на ВТА ранг-листата, Калинина со 6:4,1:6,6:1 за два часа и три минути игра.

За разлика од Сабаленка, пласман во следната рунда обезбедија Марија Сакари која со 7:5,6:4 ја победи Јастремска, Елина Рибакина која беше подобра од Таусенд (6:3,1:6,6:1), Ига Швјонтек која немаше проблеми со Џорџи (6:1,6:1), како и поранешните први тенисерки на светот, Наоми Осака и Викторија Азаренка кои во два сета беа подобри од Свитолина и Женг.

Во машка конкуренција, сигурни победи остварија тројцата главни фаворити за титулата, Карлос Алкарас, Јаник Синер и Данил Медведев.

Синер во италијанската пресметка го победи Вавасори во два сета (6:3,6:4), Медведев пак беше подобар од Фучович (6:4,6:2), додека Алкарас на сонародникот Карбаљес Баена му препушти само три гема.

- Оглас -

Најнови вести