Снаодливиот Виола режираше два еврогола (Видео)

Беневенто го декласира Трапани со 5:0 во меч од Серија Б во Италија, а блескаше снаодливиот играч од средниот ред на домаќините Бенито Николас Виола. Постигна хет-трик, а последните два гола на мечот му беа фантастични.

Најпрво во 82. минута 30-годишниот фудбалер реагираше молскавично и со удар од речиси половина терен го лобуваше голманот на Трапани, а потоа во 89. минута го заокружи хет-трикот со феноменален гол од далечина, погодувајќи го со топовски удар аголот на противничкиот гол.

Nicolas Viola (Benevento) scores two brilliant goals in a 5-0 win over Trapani from soccer

За Трапани не играше нашиот интернационалец Никола Јакимовски.

- Оглас -

Најнови вести