Снегот не е проблем за Атлетико, на „Ванда“ условите се пролетни (видео)

Атлетико Мадрид утре (21:30) ја пречекува Севилја во одложеното дерби кое беше планирано во првото коло од сезоната. Условите за игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе бидат перфектни откако напорно се работеше да се исчисти снежната покривка на теренот.

Иако невремето кое го зафати Мадрид донесе доста проблеми за екипите од шпанското првенство, пред сè при патувањата и условите во кои играа, утре Андалузијците ќе бидат пречекани во пролетни услови.

Дури 30 работници го чистеа снегот изминативе денови, а тревата ја одржуваа со 11 ламби на температура од 30 степени.

- Оглас -

Најнови вести