Невидена сезона за тинејџерот на Спортинг – Играше за сите можни категории, а ќе ги памети двата настапи во Лигата на шампионите

Родриго Рибеиро е новото португалско фудбалско чудо, а има само 17 години и е голем талент, со сезона зад себе што е уникатна и за паметње.

Младиот фудбалер на Спортинг Лисабон во иста сезона играше за А тимот на Лавовите во португалското првенство, настапи и на меч од Лигата на шампионите против Манчестер сити, играше и за Б тимот и за јуниорите во Лигата на шампионите за играчи до 19 години.

Но и тоа не е сè бидејќи Рибеиро има настапи и за португалската селекција за играчи до 17 години, тука има и настапи на ЕП, и тоа пет, а беше на терен и за селекцијата на Спортинг до 19 и до 23 години во португалското првенство.

Распоред и настапи на еден играч за речиси дузина различни тимови и селекции што досега не е виден во светскиот фудбал.

Вкупно Рибеиро одигра 46 натпревари во сезоната што неодамна заврши.

 

- Оглас -

Најнови вести