Црвена Звезда одигра феноменална одбрана во второто полувреме против Зенит, прими само 18 поени за 20 минути и успеа да слави во Санкт Петербург со 65:58 во меч од Евролигата.
Рускиот тим водеше на полувреме со 40:37 и потоа се случи пресврт, а гостите од Белград одиграа гранитна одбрана и заслужено славеа седми пат во 16. натпревар сезонава во Евролигата.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1210609765807620097?s=20
Били Барон беше најефикасен на мечот со 26 поени и главен реѓисер на победата на Црвена Звезда. Лоренцо Браин постигна 18, додека кај Зенит Остин Холинс успеа да уфрли 14 поени, како најефикасен поединец на тимот што има само 4 победи и 12 порази на претпоследното место на табелата во Евролигата.