Со 20 денари добивката на тикетот на прогнозерите носи 8.930 денари, а меѓу понудата се и три големи дерби дуели

Најголемите дерби мечеви во Шпанија и Србија се во центарот на вниманието денеска од понудата на мечевите кои се на Спортска прогноза. Денеска требаше да биде ден на дерби средби, но дуелот Јувентус и Интер е одложено. Сепак, на понудата имаме интересно дерби и од холандското првенство.

Вкупно седум меча се играат денеска , кои може да понудат интересен тикет, според процентите на 1.324 прогнозери кои беа дел од 25. коло. Според прогнозерите, денот треба да започен со три победи на домаќините и еден триумф на гостите.

Кецови треба да има на дуелите Атлетик Билбао – Вилјареал, ПСВ – Феенорд и Тотенхем – Вулверхемптон. Во Атлетик веруваат 52,7 отсто од прогнозерите, а процентите за триумф на ПСВ и Феенорд се многу високи, над 74 отсто. Во оваа прва тура на мечеви од Спортска прогноза, двојка единствено треба да има на Евертон – Манчестер јунајтед. Во Црвените ѓаволи веруваат 39,6 отсто, а блиску е и процентот за нерешено (37,1 отсто).

Црвена Ѕвезда на свој терен треба да го добие белградското дерби против Партизан, а во тоа веруваат точно две третини од прогнозерите, односно 67 отсто. Бордо би требало лесно да стигне до победа против Ница, ако се знае дека речиси 78 отсто очекуваат „кец“.

Ова коло на Спортска прогноза се затвора за дуелот на можеби најатрактивните и најпопуларни клубови во светот, Реал Мадрид и Барселона. Како ретко кога, за сите три знаци, процентот е преку 30 отсто, односно постои голема израмнетост. Сепак, најмногу типувале на победа на Барселона (35,3 отсто), за реми се 33,4 отсто, додека радост на Реал Мадрид очекуваат 31,3 отсто.

Според понудените парови и процентите на прогнозерите, составивме тикет од седум меча кој има вкупен коефициент 446,5 во Sport Life, односно за 20 вложени денари, добивката е 8.930 денари.

 

1307     Атлетик Б. – Вилјареал           1        2,45

1636     ПСВ – Феенорд                         1        1,92

1008     Тотенхем – Вулверхемптон    1        2,55

1008     Евертон – Манчестер ј.           2       2,85

1709     Бордо – Ница                            1        2,02

3131     Ц. Ѕвезда – Партизан              1        2,12

1310     Реал Мадрид – Барселона      2       3,05

——————————————————————————

Вкупен коефициент                                       446,5

 

- Оглас -

Најнови вести