Возбудливиот викенд донесе голем број на добивки во Sport Life, но и тикети на кои „за едно“ не донесе радост кај дел од обложувачите. Од многуте уплатени тикети, го имаме и малерот на викендот. Обложувач во Sport Life, во саботата направи тикет на кој нареди дури 20 мечеви од повеќе фудбалски лиги.
На тикет на кој има 20 меча, одличен е и LUCKY BONUS, но за жал овојпат еден меч го расипа расположението кај обложувачот кој со само 20 вложени денари очекуваше 160.901 денари. Кобниот дуел е од швајцарското првенство меѓу Јанг Бојс и Вадуз.
Јанг Бојс како убедлив лидер во Швајцарија на свој терен го пречека најслабиот во лигата, Вадуз. Иако се очекуваше лесна победа на домаќините, Вадуз прв погоди за 0:1 и тој резултат беше се до 81 минута кога домаќините израмнија. За жал, фаворитот не успеа да даде и втор гол, па остана нерешено, резултат кој не беше посакуван на овој играч во Sport Life.