Со 22 примени голови во полувреме, тешко се победува

Европскиот ракометен првак Вардар, по првото полувреме губи дома од унгарски Веспрем со 15-22, и ќе има многу тешка задача во вторите 30 минути да направи пресврт во дербито на Лигата на шампионите.

Главен проблем на вардарци е одбраната, која не може да излезе на крај со нападот на гостите, во кој доминира Србинот Ненадиќ со 9 гола од 10 шута. Нападот на ослабениот Вардар не е лош, постигнати се 15 голови, но за изненадување против фаворитот, ќе мора одбраната да биде далеку поцврста.

- Оглас -

Најнови вести