Со 3.000 евра помогна за операција на една Македонка, сега го казнија 100.000 евра затоа што возел пијан

Челниците на италијанскиот клуб Интер, го казнија Марсело Брозовиќ со 100.000 евра казна поради тоа што еден од нивните најдобри играчи бил фатен како вози во пијана состојба. Брозовиќ бил со својот Ролс Ројс од 300.000 евра, кога најпрво полинал на црвено светло, а потоа бил дочекан од италијанска полиција.

По направената контрола, било утврдено дека Брозовиќ има 0,6 промили алкохол, па полицијата му ја одзема дозволата на шест месеци.

Освен паричната казна која ја доби од клубот, Брозовиќ се спаси од евентуална суспензија и вечерва треба да биде во составот на Нераѕурите за дуелот против Торино.

Неодамна, Брозовиќ ги освои симпатиите во Македонија, кога веднаш го прифати апелот за финансиска помош од 3.000 евра кои беа дадени за лекување на Македонката Стаменка Менче Трповска. 

 

- Оглас -

Најнови вести