Со аплаузи и солзи Јувентус го испрати човекот-шампион (Видео)

Последното коло од Серија А ќе биде суперинтересно бидејќи ќе се решава кои тимови ќе се најдат во Лигата на шампионите и кој ќе биде третиот што ќе испадне. Вечерва Јувентус и Аталанта ремизираа 1-1 за радост на Милан и Интер, а Интер беше разбиен од Наполи со 1-4. Јуве и Наполи сигурно одат во ЛШ, а Интер, Аталанта и Милан ќе се борат за другите две места.

Дуелот во Торино беше последен за 38-годишниот Андреа Барѕалји во неговата богата кариера. Пред мечот, играчите на „старата дама“ наравија шпалир во негова чест, а во 60-тата минута капитенот излезе од игра и доби овации од присутните. Се разбира, и солзите беа неизбежни.

https://www.dailymotion.com/video/x78roq3

Барѕалји во Јуве дојде во 2011 година и на 281 меч даде два гола. Тој е еден од ретките фудбалери кои осум години по ред ја освоија титулата првак на Италија. Вкупно освои 13 трофеи како член на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести