Македонскиот интернационалец Аријан Адеми, вечерва постигна гол за Динамо Загреб во загрепското дерби против Локомотива и тоа е негов прв погодок од мај наваму.
Динамо води со 3-1 и се наоѓа пред победа. На клупата на Модрите е повратникот Ненад Бјелица и веднаш играчите имаат поинаков пристап и ќе ја запрат серијата од три кола по ред без победа во хрватската лига.
Меѓу стартерите кај Динамо е и Стефан Ристовски кој асистираше при голот за 1-0 кој го даде Батурина, а бекот ќе имаше две асистенции ако Адеми дадеше уште еден гол со глава по едно нафрлување на сонародникот.