Со брилијантен потег ги откажа противниците – Вака дрибла бразилски мајстор (Видео)

Напаѓачот на Атлетико Паранаенсе, Марсело Сирино, приреди ретко видено фудбалско шоу за крај на финалниот двомеч во бразилскиот куп против Интернасионал.

Во стилот на најголемите бразилски мајстори на фудбалот, што ги има многу низ историјата на најтрофејната нација на планетата, Сирино ги збудале противниците во последните моменти од реваншот за пехарот.

Тандемот дефанзивци на Интернасионал не знаеја каде е топката по брилијантниот потег на 27-годишниот напаѓач, им продаде страшна финта, а потоа асистираше за гол до Рони. Победнички и трофеен, бидејќи Атлетико пак го победи Интернасионал, ноќеска со 2:1 и со вкупен резултат од 3:1 го освои бразилскиот куп.

Ова издание на Купот ќе се памети по потегот на Сирино, а вие имате можност да ја погледнете неверојатната изведба и дриблинг на играчот на Атлетико Паранаенсе.

So Marcelo Cirino did this yesterday in the Copa do Brasil Final… from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести