Со часовник вреден еден милион евра, Надал позираше со трофејот на Отвореното првенство на Австралија

Рафаел Надал во неделата се израдува на рекордниот 21-ви гренслем-трофеј откако во неверојатно драматично финале со 3:2 во сетови го победи Данил Медведев. Шпанецот по вторпат во кариерата го крена трофејот на Отвореното првенство на Австралија, а посебно внимание привлече часовникот што го носеше.

Часовникот од моделот RM27-04 е изработен само во 50 примероци, а неговата вредност е 1,05 милиони долари.

Рафа е ексклузивен амбасадор на овој бренд веќе 12 години, а часовникот кој е тежок само 30 грама има специјално изгравирано Рафа од едната страна.

- Оглас -

Најнови вести