Пике брутално искрен: Со деца не може да се победи Баерн Минхен

Баерн Минхен и одржа нова фудбалска лекција на Барселона, овој пат победувајќи ја со 3:0 и тоа на „Камп ноу“. Германскиот шампион без поголеми проблеми ги запиша стартните три бода во групата Е.

Јасно е дека овој тим на Каталонците не може да му парира на Баерн, а тоа го знае и капитенот на тимот, Жарарт Пике.

„Игравме дома и да не се лажеме, ова е лош резултат. Стварно не знам колку 18-годишни играчи имавме во тимот и колку од нив дебитираа, но се надевам и дека неколку играчи ќе се вратат од повредите и на крајот на сезоната ќе ги свртиме работите во наша корист. Имаме играчи како Дембеле, Кун Агуеро и Ансу Фати, кои може многу да помогнат, но знаеме дека не сме фаворити, ама фудбалот е непредвидлива игра. Минатата сезона никој не помислуваше дека Челзи може да ја освои Лигата на шампионите“, изјави Пике на прес-конференцијата.

Каталонците не играа во минатото коло од Ла Лига, но затоа сега ќе треба да одиграат три средби во домашното првенство во период од седум дена, пред да се соочат со Бенфика во меч од второто коло од ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести