Со Дивац од Сакраменто си замина и Стојаковиќ

Владе Дивац си замина од Сакраменто кингс, а во знак на протест оставка поднесе и Предраг Стојаковиќ. Дивац не успеа да го одведе тимот во плејоф и да ја прекине долгата низа од цели 14 сезони без доигрување за Кралевите во НБА лигата.

Најголема забелешка е што не го одбра Лука Дончиќ на драфтот пред две години, а место него се одлучи за Марвин Бегли и погреши.

„Тоа беше моја одлука, а и сега би го направил истото. Повторно би го одбрал Бегли пред Дончиќ. Тој има голем потенцијал, но во НБА луѓето немаат трпение“, изјави Дивац.

Сепак игрите на Дончиќ и тие што ги пружа Бегли, кој често беше и повреден го демантираат довчерашниотГенерален менаџер на Сакраменто.

Откако доби отказ, Кингс веднаш го именуваа Џо Думарс за негов наследник, а веднаш потоа и Стојаковиќ, кој му беше десна рака на Дивац си поднесе оставка.

 

- Оглас -

Најнови вести