Со два кеца и три плуса од НБА-изборот на Sport Life до добитен полноќен тикет

8345 Бостон селтикс – Атланта хокс (01:30ч)

Бостон треба да влезе во победнички ритам ако сака да го одржи чекорот со водечките екипи на Истокот. Затоа ноќеска Келтите мора да ја оправдаат фаворитската улога, односно да го одбранат домашниот терен против десеткуваниот тим на Атланта.

Бостон има четврти најдобар учинок на домашен терен во однос на противниците од Источната конференција, но загуби два од последните пет меча како домаќин. Добро е за нив што Атланта последен пат славеше во Масачусетс во април 2018 година, што значи дека Селтикс има големи шанси за да го одржи позитивниот биланс во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 1 (1.68)

 

8368 Голден стејт вориорс – Мајами хит (04ч)

Голден стејт го подобри учинокот и се најде во топ 8 екипите на Западот, меѓутоа за да се одржат шансите за пласман во разигрувањата, Воините треба да продолжат во победнички ритам. Кари игра на врвно ниво, па затоа големи се шансите да се триумфира над актуелниот вицепрвак.

Мајами не е силен како минатата сезона, тоа го потврдува и учинокот од 11-16 и моментално 11-тото место на Истокот. Жешките за овој меч се хендикепирани со отсуството на Горан Драгиќ, што оди во прилог на Вориорс.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

8389 Џон Вол (Филаделфија севентисиксерс – Хјустон рокетс, 01:30ч)

Хјустон можеби нема да се избори за изненадување против фаворизираната Филаделфија, со оглед на тоа дека ноќеска нема да настапат неколку првотимци на Ракетите. Поради тоа, целиот товар ќе падне на Џон Вол, а експлозивниот плејмејкер ќе го даде максимумот за да ѝ помогне на својата екипа.

Доколку се разигра, може лесно да ја надмине границата во поени, како што го стори тоа во претходните два меча против Њујорк и Вашингтон.

Предлог тип: Вол >25,5 поени (1.90)

 

8394 Бредли Бил (Вашингтон визардс – Денвер нагетс, 02ч)

Блескав настап на Бредли Бил би бил од големо значење за Вашингтон бидејќи на тимот и тоа како му се потребни победи за подобрување на учинокот.

Волшебниците треба да го искористат фактот што Денвер претрпе разочарување на гости кај Бостон и покрај високите 43 поени на Јокиќ. Затоа се очекува од Бил да игра во полн сјај и да им приреди нов тежок удар на Нагетси.

Предлот тип: Бил >30,5 поени (1.85)

 

8527 Демиен Лилард (Њу Орлеанс пеликас – Портланд трејлблејзерс, 03ч)

Лилард влезе во мини-серија од два меча во кои постигна барем по 30 поени, а сега својот напаѓачки раскош треба да го покаже и против Пеликаните. Одличниот бек е интегрална фигура во победничката низа на Портланд, која засега стои на пет натпревари, па затоа Лилард и Блејзерс имаат големи шанси да продолжат во ист ритам ако се знае дека Њу Орлеанс дома загуби пет од вкупно 12 меча.

Предлот тип: Лилард >31,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести