Само со два меча ги стигна легендите Фиго, Роналдињо и Виери (Видео)

Јосип Иличиќ одигра неверојатни 180 минути во двомечот со Валенсија и од вкупно 8 гола на Аталанта, сам беше стрелец на пет, со што израмни достигнување на три големи легенди.

Вечерва на празната „Месталја“, Словенецот ја наполни мрежата на Лилјаците со покер, еден даде и во Милано на првиот меч и само во два меча во нокаут-фазата со пет гола се израмни со учинокот што во целата кариера го имаа великаните Роналдињо, Луис Фиго и Кристијан Виери.

Иличиќ во феноменалната ноќ за него урна и два рекорди. Со 32 години стана највозрасниот фудбалер што на ист меч постигнал четири погодоци, а и е единствениот играч во историјата на ЛШ што на таа возраст постигнал најмалку три гола на гостински терен на еден меч.

https://twitter.com/baketerana/status/1237496490530091011?s=20

Аталанта победи со 4:3 на Месталја и со вкупен резултат од 8:4 се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Со тимот од Бергамо четвртфиналист е и Лајпциг, кој го декласира Тотенхем со вкупен резултат од 4:0.

- Оглас -

Најнови вести