Со два порази во два меча заврши настапот во Европа за Македонија ЃП

Фудбалерите на Македонија ЃП се елиминирани уште на стартот, во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции и тоа од летонскиот тим РФС Рига.

Лавовите загубија и на двата меча, на првиот дуел кој се играше во Скопје, беше 1:0 за летонскиот тим, а денеска поразот беше поубедлив, 4:1.

Слично како и во првиот дуел, РФС Рига поведе во финишот од првиот дел, Куадио во 43-та минута го отвори резултатот.

На стартот од второто полувреме, Лавовите го постигнаа единствениот гол во двомечот, во 50-та минута преку Кристијан Стојковски.

Надежите за пресврт на Македонија ЃП траеја само осум минути по што Куадио носи повторно предност за РФС Рига.

Паниќ во 68-та минута зголеми на 3:1, а во финишот, Зеленковс постигна гол за убедлив триумф на РФС Рига од 4:1.

- Оглас -

Најнови вести