Со еврогол во 93 минута, донесе историски успех на својата репрезентација (Видео)

Репрезентацијата на Курасао одигра 1:1 во дуелот против Јамајка и на тој начин двете селекции се радуваа на пласман во нокаут фазата на Голд Купот. Во група каде беа уште и Хондурас и Ел Салвадор, Курасао немаше речиси никакви шанси да помине во четвртфиналето, но тоа се случи.

Историскиот прв пласман во нокаут фазата од Голд Купот, Курасао го обезбеди со гол постигнат во 90+3 минута. Јамајка поведе уште во 14 минута и ја одржуваше предноста буквално до последните секунди од мечот. Тогаш, Курасао тргна во еден од последните напади, а Јурен Гари кој игра во холандскиот Валвик, со удар од околу 23 метри успеа да постигне еврогол.

https://twitter.com/GoldCup/status/1143739019467087872

Токму тој погодок на Гари се покажа како доволен за прв пласман на Курасао меѓу осумте најдобри на Голд Купот. Колку за споредба, на 07 јули 2014 година, оваа репрезентација беше рангирана на 183 место на ФИФА листата и беше една од шесте најлоши селекции во КОНКАКАФ зоната. Денеска се во четвртфиналето на континенталното натпреварување. Нема тим со поголем и побрз напредок од Курасао.

За да се избори за историскиот успех, на Курасао му се погоди и резултатот од вториот меч во групата. На Ел Салвадор му беше доволно да освои еден бод против Хондурас, но поразот од 4:0 значеше испаѓање на Ел Салвадор, а голема радост за Курасао.

 

- Оглас -

Најнови вести