Со „фешта“ ги испратија своите миленици: Делиите веруваат дека Ѕвезда ќе го елиминира Милан (Видео)
Може ли српскиот првак да ги победи Росонерите на „Сан Сиро“?

Фудбалерите на Црвена ѕвезда денеска отпатуваа во Милано, каде што утревечер на „Сан Сиро“ ќе го играат реванш-мечот од 16-финалето во Лигата на Европа против Милан. Првиот меч во Белград заврши 2:2, што значи дека српскиот првак мора да брка победа или барем реми со најмалку два дадени гола.
Навивачите на Црвена ѕвезда веруваат во своите миленици и на денешното патување кон Милано решија да приредат нова фешта. Делиите беа распоредени по автопатот кој води од Белград до аеродромот „Никола Тесла“ и со пиротехника и пароли ги поздравија фудбалерите и целата експедиција на чело со тренерот Дејан Станковиќ.