Со играње само на три европски гиганти, можеше да фатите коефициент од 19.360

Измина уште еден возбудлив викенд во кој доминантна беше саботата. Секогаш е така кога во наредните неколку дена следуваат мечеви од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Кога имаат европски обврски, сите фаворити играат во сабота, па така и овојпат, главните возбудувања беа резервирани за првиот ден од викендот.

Во Англија нема ништо ново. Ливерпул продолжува кон остварување на сонот кој го чека три децении, а тоа е титула во првенството. Црвените овојпат покажаа едно друго лице, а тоа е да не се предадат до последен момент. На гости кај Астон вила губеа со 1:0 до 87-мата минута, а на крајот сепак победија со 2:1. Ова е сосема поинаква приказна за разлика од минатите сезони, кога тимот на Јирген Клоп знаеше да губи бодови на мечеви на кои очекуваа освојување по три.

И Сити беше во слична позиција, и тоа на свој терен. Граѓаните губеа од Саутхемптон со 0:1, но со погодоци во последните 20 минути стигнаа до пресврт и победа.

Интересен пресврт имаше и во Шпанија, на дуелот на кој Барселона гостуваше кај Леванте. Ако во Англија фаворитите беа тие кои се спасуваа во вториот дел, овојпат Барселона прокоцка предност од полувремето и на крајот загуби со 3:1. Ако се знае дека Ливерпул, Сити и Барселона се меѓу најтипуваните мечеви кога ги има на понуда, овој викенд имаше една ретка можност за неверојатна заработка бидејќи на сите три средби имаше големи пресврти.

Ливерпул и Сити ја покажаа силата, а Барселона разочара. Од кладилничарски муабет, со погодување на овие три пресврти, коефициентот е неверојатни 19.360. За Астон вила – Ливерпул коефициентот за „кец во два“ беше 16, а за тоа дека Сити ќе губи на полувреме дома од Саутхемптон, а на крајот ќе победи, коефициентот е 22. Вистинско чудо е Барселона да загуби од аутсајдер во меч на кој на полувреме води. Затоа и победата на Леванте со пресврт во второто полувреме е со коефициент 55.

МАЛКУ МАГИЈА И МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ МИЛИОНЕР

Ако се соберат коефициентите на овие три меча, се доаѓа до бројката од 19.360, односно за 100 вложени денари, добивката би била речиси два милиони денари. Ете како со играње само на три фаворити се добиваат милиони денари.

Зошто е примамливо да се играат изненадувањата и големите коефициенти? Со малку пари секогаш имаше можност да добиеш многу пари. Доколку тикетот е недобитен разочарувањето е помало, за разлика, на пример, викендов да сте „паднале“ на фиксови на Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Арсенал…

СОН НАПРАВИ КОШМАР ЗА НЕГО, НО И ЗА АНДРЕ ГОМЕС

Во неделата немаше премногу звучни мечеви, а еден од поинтересните беше меѓу Евертон и Тотенхем во Ливерпул. На крајот овој дуел ќе се памти по нешто многу лошо. Андре Гомес, играчот на Тотенхем, заработи скршеница на ногата откако врз него стартуваше Сон Хеунг-мин. Повредениот играч се превиткуваше од болки, а Сон, кој стартуваше, не можеше да престане да плаче знаејќи дека се работи за тешка повреда на противникот. До тој старт, Сон никогаш не важел за конфликтен играч, а по тоа колку се вознемири по повредата, јасно е колку играчот на Тотенхем немал намера да направи нешто толку лошо.

ПАНДЕВ Е СТАР ЛИСЕЦ, НО САМО ТОЈ ОДИГРА 90 МИНУТИ ВО ТОП 5 ЛИГИТЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ

Горан Пандев со капитенската лента на раката покажа зошто речиси 20 години е дел од италијанската Серија А. Популарниот Гоче како предводник на 36 години покажува колку е квалитетен. Пандев го одигра целиот меч за Џенова и даде гол, но сепак неговиот тим загуби од Удинезе, во чиј состав до 72-рата минута играше Илија Несторовски. Третиот Македонец во Серија А, Елиф Елмас не настапи.

Од останатите македонски репрезентативци кои играат во топ-5 лигите во Европа нема ниту еден друг освен Пандев кој викендов може да се пофали со гол, но и со 90 минути поминати на терен. Александар Трајковски не играше за Мајорка, а Енис Барди беше заменет во 62-рата минута против Барселона.

Влатко Стојановски со Ним не го играше мечот против Рен поради обилни дождови, додека Дарко Чурлинов го немаше ниту меѓу резервите на Келн. Со ваква актуелна ситуација јасно е дека Пандев уште неколку години ќе остане да биде главен фактор во репрезентацијата на Македонија.

Викендот измина, но со тоа не завршија возбудувањата за обложување. Утре и задутре се играат мечевите од четвртото коло во ЛШ и ЛЕ, па тука е новата шанса за добра заработка.

- Оглас -

Најнови вести