Со Јута нема утка – Џезерите пак победија

Јута џез повторно победи во НБА-лигата, по 15-ти пат на последните 16 натпревари, а вечерва беа подобри од Индијана пејсерс на гостински терен.

Популарните Џезери победија со 103-95 и сега имаат биланс 19-5, најдобар во НБА-лигата сезонава. Олстар-ѕвездата Донован Мичел беше најефикасен на мечот со 27 поени, а и недостасуваше еден скок за трипл-дабл. Успеа да фати 9 топки, а имаше и 11 асистенции како лидер во новиот триумф на Јута.

Бојан Богдановиќ постигна 18 поени, Џордан Кларксон го заврши мечот со поен помалку, а одличен дабл-дабл имаше Руди Гобер со 16 поени и 16 скока.

Единствениот пораз на Јута во последните 16 натпревари им е против Денвер нагетс на 31 јануари со 127:118.

Вечерва во НБА-натпреварите се играат порано поради финалето во американскиот фудбал, односно Суперболот меѓу Тампа Беј баканирс и актуелните прваци Канзас сити чифс.

Во досега завршените натпревари во НБА, Шарлот го победи Вашингтон со 119:97, а Њујорк никс загуби на свој терен од Мајами хит со 103:109.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести