Со камбекот на „Стемфорд бриџ“, Лукаку стана најскапиот фудбалер во историјата

Ромелу Лукаку го оствари својот камбек во Челзи седум години откако си замина од редовите на Сините. Актуелниот европски шампион го потврди својот рекорден трансфер за сума од 115 милиони евра, што е втор најскап во Премиер лигата по трансферот на Џек Грилиш во Манчестер сити за 117,5 милиони евра.

Оваа сума го направи Лукаку најскап фудбалер во историјата, надминувајќи ги трансферите на Нејмар. Преселбите од Андерлехт во Челзи, па во Евертон, односно во Манчестер јунајтед и Интер, за на крај враќањето во Лондон, чинат вкупно 327,5 милиони евра, додека за Нејмар Барселона и ПСЖ потрошија вкупно 310,2 милиони евра.

Како што е познато, Лукаку ќе заработува 12 милиони евра по сезона, откако стави потпис на петгодишен договор со Сините.

- Оглас -

Најнови вести