Со катастрофалната Паненка го навлече гневот на својот менаџер

Вистинска драма се случуваше на Олимпискиот стадион во Лондон, каде што Вест хем ги освои бодовите против Фулам во малото градско дерби со минимални 1-0. Чеканите поведоа во првата минута од судиското надополнување, но драмата дојде неколку минути подоцна, кога гостите добија златна шанса да се спасат од пораз преку најстрога казна.

Одговорноста ја презеде младиот Лукман, но наместо да погоди за 1-1, тој ја изведе најлошата Паненка видена во скоро време. Што е уште потрагично, пеналот го промаши во 90+8 минута, па сосема оправдана беше критиката од менаџерот Скот Паркер упатена кон неговиот играч.

„ Многу сум лут сум и разочаран. Кога веќе одлучуваш на таков начин да изведеш пенал, мора да погодиш. Адемола е млад, очекувам од оваа грешка да извлече поука. Сега е на удар на критики од јавноста, ќе треба да покаже цврст карактер за да го надмине разочарувањето“, истакна Паркер.

https://twitter.com/Sid_LFC/status/1325197208556204032

- Оглас -

Најнови вести